Регионалната бокс лига стартува во мај, Вардар ќе ја претставува Македонија

Во последната недела од мај 2021 година, ќе започне новиот формат на Регионалната лига во бокс е најважниот заклучок на состанокот на шесте боксерски федерации на земјите од Југоисточна Европа што се одржува во Сараево.

Главниот град на Босна и Херцеговина и претседателот на боксерската асоцијација на БиХ Енес Пештек се домаќини на третиот собир на регионални лидери, по Белград и Загреб, а во сараевскиот хотел „Хилс“ во Илиџа се усогласени последните детали потребни за започнување на натпреварувањето што собира боксери од шест земји (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија).

Македонската федерација ја претставуваар претседателот Примислав Димовски и генералниот секретар Бранко Илиевски.

Регионалната лига ќе почне во последната недела од мај и ќе се одржат две кола до летото, а продолжението ќе следи по летната пауза – ќе бидат закажани шест кола од есенскиот дел од сезоната 2021/2022.

Вкупно осум екипи ќе се натпреваруваат во лигата – две од Босна и Херцеговина (Радник Бјеина и Жезничар Сараево), две од Србија (Црвена звезда Белград и Лозница) и по една селекција од секоја од четирите земји (Витезови Загреб -Хрватска), Црна Гора (Црногорски соколи), Македонија (Вардар Скопје) и Словенија (Марибор).

Екипите се поделени во две групи:

Група А: Лозница Србија, Железничар Сараево, Вардар Скопје и Црногорски соколи.

Група Б: Витезови Загреб, Црвена звезда, Радник Бјеина и Марибор.

Натпреварувањето ќе се одвива според двокрушен систем (дома и на гости), а по шест кола следи плеј-офот со четирите најдобри екипи (со двете првопласирани од секоја група).

Секој меч ќе има вкупно десет борби за бодување – осум во сениорска категорија (од 56 кг до + 91 кг) и две во млади сениори.

Жрепката за Регионалната лига во бокс е закажана за денес во 11:30 часот во хотелот „Хилс“ во Сараево со директен пренос на каналите „Арена фајт“ и „Арена спорт“, а „Арена спорт ТВ“ ќе пренесува и средби од Регионалната лига за сите земји во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON