На Реџепи и Вејсели е уништен сонот за успех на ЕП во Шведска со „нема пари“

minir Redzepi na tron na Dinko Petrov 2016

Борачите кои требаше да патуваат на Европското првенство на кадети во Стокхолм, Шведска, од 19 до 24 јули, Столе Ефтимов, Минир Реџепи, Фати Вејсели и Рамзан Гаџиханов, се огласија по со извесното неодење на Шампионатот

Минир, твој став околу Европското првенство во Шведска. Однонсо колку време се подготвуваше? Што значи непатувањето на ЕП? Што ви велат од Клубот? И што понатаму?

„Сон на секој борац е да учестува на Европско првенство и да земе.некој медал. Ние затоа и тренираме“, вели репрезентативецот од БК Лирија, Минир Реџепи, кој важи за талентиран борач од кого може да се очекуваат високи дострели.

Тој додава дека подготвувал околу една година.

Секако дека учеството ќе беше од големо значење за младите борачи.

„Не патувањето во Европското првенство ме разочара многу. Толку време да тренираме и на крај да излезат и да ни кажат нема да учествувате! Зошто тренирав јас“?, вели Реџепи и додава: „Од клубот ни велат дека нема пари. Претседателот си даде оставка и нема да патувате за Европското“.

Нормално, се поставува прашањето што понатаму со овие малди борачи, односно што ќе прават по изневерувањето на нивните надежи?

„Не е прв пат да ми прават вака, но јас ќе продолжам и ќе бидам најдобар“,  категоричен е Минир.

Fati Vejslei na tron Dinko Petrov 2016

Речиси со идтентични сатвови е и неговиот клупски другар Фати Вејсели.

„Јас и порано се подготвува, ама овие девет месеци тренирав многу повеќе. Искрено да ви кажам, јас сум натажен. Од клубот ни велат дека нема пари. Освоив медал на Балканското првенство. Почнав да симнувам килажа, за после ми речат дека нема да одам“, истакнува Фати.

Вејсели се посветил на борењето и сакал да направи успех.

„Ми го уништија сонот! Не знам што да кажам. Ова ми беше последната година во кадетска конкуренција и имав големи шанси да освојам медал“, категоричен е Вејсели.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON