Македонските репрезентативци во борење имаа прилично успешен викенд во пеливанско борење на Меѓународниот турнир „Ускана 2015“ во Кичево. Јасин Реџелари и Дејан Митров во чевтрта и трета рака се победници, а Бобан Данов во прва рака е втор.
На турнирот учествуваа пеливани од Македонија, Албанија и Бугарија.
Победниците добија парични награди, а најголема беше онаа за тешкашите. Некој пат овие награди ја надминуваат и илјадарката.
ipon.mk/В.Д.