Разрешениот Страшо Глигоров до ФБСМ: Ја отворивте Пандорината кутија од која нема враќање назад!

Разрешениот директор на репрезентацијата, д-р Страшо Глигоров, со писмо се обрати до нашата редакција во врска со годишното Собрание на Федерација на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) кое се одржа на 26 феврурари во Скопје. Глигоров вели дека Собранието ќе влезе во историјата на македонското борење, како хистеричен и очаен обид на манипулации, притоа користејки ја мудроста „држете го крадецот“.

Глигоров истакнува оти Собранието се презентирани неточни, непрецизни и нецелосни податоци во врска со 6 –тата точка од дневниот ред: „Финансиски извештај од ревизија за 2013, 2014 година и записник информација од Управен одбор за вратени технички електронски средства од ЕП 2013 година”.

Во понатамошниот текст ви го пренесуваме дописот во целост.

„Имено, Бетим Вренези вината ја префрли на комисијата која требало да изврши увид во севкупното финансиско работење на ФБСМ, притоа со „умисла“ избегна да ја каже клучната и врвна вистина: „раководството на Федерацијата не постапила по одлуките на собранијата на Федерацијата одржани на 13.08.2015 и 30.10.2015 година, на кои е наложено во рок од 20 дена до Собранието на Федерацијата да поднесат комплетен финансиски извештај со постигнати резултати за нивното работење за периодот 2008 – 2015 година.

Покрај тоа, манифестирани се измами и непочитување на одлука на Собранието одржано на 11.12.2017 година. Претседателот и заменик претседател (Бетим Вренези и Дејан Богданов), не постапиле по одлука на Собранието (точка 8). Имено, не ја обзнаниле комисијата која требало заедно со ревизорска куќа да изврши ревизија на работењето за 2012, 2013,2014, 2015 година и не им доставиле писмена одлука на комисијата, со цел да изврши увид во севкупното финансово работење. На тој начин ја спречиле комисијата да работи согласно одлуките на највисокиот орган на Федерацијата, а воедно ги доведуваат во заблуда присутните во Собранието. Токму, од тие причини, нивниот финансиски извештај од ревизијата за 2013, 2014 година, како и наводно утврдените долгови на поединци, се класичен обид на манипулација со сите членки на федерацијата и со целокупната македонска јавност, притоа обидувајќи се вината да ја префлат на друг. Тие долгови, се утврдени уште во 2016 година, зошто досега не биле ставени на дневен ред, тоа е прашање за кое треба претседателот да даде дополнителен одговор. Согласно член 33 точка 3, 6 и 7 од Статутот на Федерацијата, раководството мора да ги спроведува на дело одлуките на Собранието, а тие тоа не го сториле во ниту еден случај и со тоа предизвикале ненадомостливи последици и штета врз Федерацијата, клубовите и поединци.

Исто така, записник информација од Управен одбор за вратени технички електронски средства од ЕП 2013“, не е во согласнот со стандардната методологија за утврдување и управување со материјално-технички средства и отвора многу прашања и дискусии.

Токму од тие причини, тврдењето на Чедо Николовски во написот објавен на 03.02.2019 година Ipon.mk, како и прикажувањето на документи, е смешно, парадоксално, бесправно и неаргументирано, а има за цел (сихронизирана) да се избегне одговорноста од проблемот, кој согласно донесени одлуки на Собрание и стандардни процедури, кои требаше да се овозможи целосно, јасно и прецизни утврдување на спорните прашања. Чедо Николовски и сегашниот претседател (Вренези), имале должност во рок од 20 дена да поднесат комплетен и целосен извештај. Тие, тоа не го сториле и треба да сносат одговорност, а не да се манипулира со некави нивни бесцелни ревизии.

Посебно загрижува состојбата со извештајот на проектот „Развој на борењето во Република Македонија“. Имено, на неопределен и општ начин се кажува дека средствата доделени во проектот, кои опфаќаат пари, опрема и реквизити се доделени на повеќе клубови и лица – тренери, но не се кажува точно на кои клубови, лица и тренери се доделени истите и во која количина и во кој износ. Со ова се сака да се прикрие бесправното, непотистичко и дискриминирачко доделување на средствата од проектот само на одреден број, близок до раководството на клубови и тренери, додека другите клубови и тренери сосема се заобиколени во доделувањето. Со овој извештај се докажува дека нетранспарентноста е во служба на бесправното располагање со проектните финансиски средства.

Токму од тие, причини, извештајот го дават незаверен и потпишан, сметајќи дека на тој начин ќе можат во евентуални судски постапки да ја избегнат личната одговорност.

Во рамките на Собранието не е даден извештај од страна членот во Управниот одбор од женското борење; не беше ставен како точка на разгледување дописот од страна на Ивица Ефтимов, член на Надзорната комисија, а воедно не беа доставени посебни извештаи од одговорните (директорите) на техничкиот одбор за организацијата на Европското првенство во борење слободен и грчко-римски стил и борење за жени за кадети (14-20.05.2018, Скопје и Светското првенство за ветерани (28-30.09.2018 година).

Исто така, раководството на федерацијата, ги избегнува статутарните, воедно и етички обврски, да даде одговор на следните прашања и состојби:

1.Утврдување на причината, како и побарувања на одговорност за нанесените штетите и последици за сусзпензија на Федерацијата за боречки спортови на Македонија од страна на Светската боречка федерација (Обединето светско борење, UWW), во 2016 година.

2.Вршење на спортска натпреварувачка дејност на Федерацијата, без донесен „Правилник и пропозиции за натпревари во 2017, 2018 и 2019 година“, а и порано.

3.Неодговарање на дописи од страна на боречките клубови, доставени до Федерацијата, органите и комисиите.

Согласно членовите 16, 17, 40, 41, 42, 43 и 68 од Статутот на Федерацијата, раководството на Федерацијата било должно да даде навремен, соодветен и правен одговор, како и да преземе содветни мерки и решенија.

Со таквите постапки, претседателот и заменик претседател на федерацијата, како и членови на органи и комисии со горенаведените дејствија грубо го прекршиле законот, Статутот и правилниците на Федерацијата на боречки спортови на Македонија и предизвикале голема штета и создале дисфункционалност на телата на Федерацијата, при што е оневозможено да ја остварува пошироката општествена значајност, кое го има оваа Федерација.

Токму од тие причини, легитимноста на одржувањето на наведеното Собрание е спорна од различни аспекти. Воедно ја иницира потребата за размислување за изнаоѓање на други институционални постапки за решавање на прашањата поврзани со непочитување на правните прописи и други елементи, кои укажуваат и на посериозни финансиски недоследности“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON