Карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе трипартитна одлука за финансирање на натпреварувачи кои избориле право на настап на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи, Русија, од 2 до 4 февруари 2018 година, на седницата на Извршниот одбор одржана на 23 декември 2017 година.
Па така, на натпреварувачите кои обезбедиле право за настап на Европското првенство, а кои освоиле златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Херцег Нови, Црна Гора, ќе им бидат покриени средствата во висина од 100 отсто и тоа за: превоз, сместување и исхрана и котизација. Додека оние што освоиле сребрен медал ќе бидат покриени со 50 проценти и тоа за: превоз, сместување и исхрана и котизација, а останатите ќе се финансираат самостојно.
По стариот обичај, КФМ посочува дека ако некој од натпреварувачите направи резултат, ќе му се рефундираат средствата, согласно Правилникот за за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни сeлекции на Република Македонија.
Ако пак Агенцијата за млади и спорт и додели средства за ова Европско првенство КФМ, согласно износот на добиените средства, ќе ги распредели и трансверира рамномерно на клубовите за сите натпреварувачи за кои трошоците за настап на ЕП во Сочи, Русија, не биле покриени од КФМ.
Натпреварувачи на кои 100 проценти ќе и бидат покриени трошоците се: Свинарски Марио, Стојановски Христијан, Смилковски Столе, Весели Фахик, Пендаровска Моника и Османи Доан во кумите; со 50 отсто се: Василески Константин, Костовска Вероника, Мојсовска Ангела, во кумите и Димоска Маријана, Неделковски Александар во кати, како и ката тимот кадети-јуниори машки во состав Васиќ Јован, Бановски Георги и Димитријевски Христијан.
Ова одлука на КФМ неколоку пати се менуваше, но најпрадоксланото е тоа што ако некој не е финансиран 100 отсто, а освои медал ќе му се вратат средствата. Бидејќи тие натпреварувачи стартуваат со хендикеп во финансиска смисла, тогаш, како на „спортска“, тие со „хендикеп“ треба да добијата двојно и тројно повеќе.
Да потсетиме дека минатата година на Европското првенство во Софија, Бугарија, освојувачот на единствениот медал за Македонија, Петар Заборски, како и неколку поранашени медлаисти од ЕП-та сам си го платија учеството. За кабаетот да се исправи на сите учесници потоа и ги враќаа парите.
Ipon.mk/В.Д.