„Нерешеното е очекуван и најправеден исход од овој дуел. Среќен сум што повторно бев во рингот. Без разлика што сегашните две минути по рунда траат како некогашните три, повторно ќе се борам. Го разбудија лавот во мене, мора да го повториме мечот, сакам реванш“, рече Тајсон по борбата и додаде:
#TysonJones is scored a draw! 👀
Mike Tyson agrees.
Roy Jones Jr not so much… 😂 pic.twitter.com/XgwOyyQx3W— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) November 29, 2020
„Зошто сите беа загрижени за неговото здравје (Рој Џонс)?! Јас не боксирав 15 години, а тој има само 2! Зошто никој не се грижеше за мојот задник? Бев загрижен, не го правев ова 15-16 години. Јас не сум гигант, сега сум почетник. Рој ме удри со добро лево кроше и да, ме боли.
"Why nobody care about my ass?!" 😂
Mike Tyson just wants people to worry about him! #TysonJonesJr pic.twitter.com/xgrRwQBtw5
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) November 29, 2020
Но, Џонс, засега, не планира да го повтори ова искуство, кое за него и не беше баш пријатно.
„Ударите на Тајсон и натаму се разорни. Не знам дали можам да го повторам ова“, изјави Џонс.
Тајсон за оваа борба заработи околу десет милиони долари, додека Рој Џонс заработи околу три милиони долари.