Расул Адиловски од БК Скопје во категоријата до 55 килограми го освои златниот медал на силниот Меѓународен турнир „Браќа Саитиеви“ во Лиеж, Белгија, во јуниорска конкуренција.
Адиловски оствари три победи за првото место.
Адил Адили (-66 кг) го освои петото место во конкуренција на 24 борачи, додека Омер Адиловски седмото од 22-ца, исто така членови на БК Скопје, а настапуваат и во францускиот УС Метро.
Овој турнир секоја втора година се одржува во Белгија, а секоја во Русија. Во Белгија настапија околу 200 натпреварувачи од 15 земји.
„Ова беше многу силен турнир и беа прикажани многу добри борби. Задоволен сум од настапаот на нашите борачи“, изјави тренерот Хамди Адили.
Ipon.mk/В. Д.