Легендарниот Мајк Тајсон ја воодушеви светската јавност со фантастична трансформација на неговото тело.
Сето тоа го постигна за време на домашната изолација, тренирајќи во теретаната. За неколку недели успеа да го врати своето тело во состојбата во која се наоѓаше кога се занимаваше со бокс.
Сепак, тоа не беше доволно за него и „Железниот Мајк“ тренираше напорно секој ден, а трансформацијата на неговото тело беше една од главните приказни во светот на спортот во последните неколку недели.
Тајсон исто така го воодушеви раперот Куртис Џексон попознат како „50 Cent“ кој неодамна го запозна легендарниот боксер и му ја предаде автобиографијата. Но, откако виде како изгледа Тајсон пред неколку дена, тој остана без зборови.
„Мајк Тајсон е во форма. Тој имаше огромен стомак пред само неколку недели“, рече “50 Cent“ откако Тајсон позираше со неговата книга.
👀Damn @MikeTyson in shape like a mother fucker,he had a big stomach like a week ago 🤷🏽♂️he back! HHHS https://t.co/0NVuEOqQ4T#bransoncognac #lecheminduroi pic.twitter.com/hT5Y2Dx6RA
— 50cent (@50cent) May 27, 2020