Пеливаните од сите краеви на Македонија повторно се сретнаа на мегдан на Државното првенство во пеливанско борење, које се одржа во Бузалково – Велес во сите 5 те тежински категори.Фаворитите ги потврдија своите квалитети во неколкуте категории.
Рамазан Бакија го освои првото место во катергорија над 95 гк, кој во финалето беше подобар од Орхан Ибраими и е прогласан за најдобар Баш пеливан. Во втора група, категоријата над 85 кг, првото место го освои Самир Ибраими, додека во третата, група до 75 кг, најдобар беше атрактивниот и искусен Дејан Митров, кој во финалето беше подобар од многу потежок противник. Во четвртата група, шампион стана младиот и преспективен Бислим Муртезани, кој во финалето се сретна со Игор Тасев, млад и борбен борач. Сепак, Бислими беше подобар и заслужено го освои првото место. Во најлесната, петата група, прво место освои Кадир Камбери, кој во финалето се сретна со Башким Емини. Двајцата оставија добар впечаток, но на крајот Камбери беше подобар, при што заслужено го освои првото место.
Исто така и пионерите беа доста атрактивни во своите пеливански вештини, па така љубителите на овој спорт имаа можност да ги видат најдобрите пеливани од Македонија. Публиката беше задоволна од борбеноста на пеливаните во сите можни категори.
“Скаме да истакнеме дека Општината Велес неколку години наназад го помага овој традиционален спорт. Федерацијата за пеливанско боренје на РМ сериозно размислува во иднина во овј град да организира и меѓународен турнир, бидејќи има голем интерес кај велешката популација за овој традиционален спорт“, велат од Федерцаијата.
ipon.mk/В.Д.