Рамадан Мустафовски од БК Чаир го освои бронзениот медал на Меѓународниот турнир во борење „Хусеин Акбаш“ во Токат, Турција.
Мустафовски вели дека во полуфиналето е оштетен со домашен борач од страна на судиите, а во борбата за бронзениот медал слави со 3-2 над противник од Грузија.
„Со тренерот Хасан Бислими се чудевме колку го почитуваат олимпискиот шампион Шабан Трстена, а во нашата федерација нема место за него. Ова е многу жално и срамно“, вели освојувачот на бронзениот медал.
Ipon.mk