Рамадан Мустафовски најдобар борач на турнирот „13 Ноември“ (ФОТО)

 

Ramadan Mustafovski borba

Рамадан Мустафовски од БК Тефејуз е прогласен за најдобар борач на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ во организација на БК Тефејуз од Скопје.

Ramadan Mustafovski pobednik

Амар Мурат е прогалсен за најдобар техничар, а Шаќир Бислими за најдобар млад борач.. Најдобра борба беше онаа меѓу Мустафовски и Џан назифов од Балканец во категоријата до 76 кг. Убедливи во своите настапи беа и Фиданчо Јованов (Бучим), Армин Идризи (Тефејуз), Минир Реџепи (Лирија). Мора да се истакне и борбата меѓу Фуга и Стојанов која ја дигна публиката на нозе.

zensko borba na 13 noemvri -tefejuz

На турнирот учествуваа 10 клуба од Македонија и Косово со 60 борачи. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, го отвори турнирот, а со своето присуство го удостоија и Борче Боев, генералниот секретар на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Ѓоко Кузмановски од Сојузот на спортови на Скопје, олимпискиот шампион Шабан Трстена, како и многу истакнати поранешни борачи, тренери и долгогодишниот лекар на репрезентацијата Милош Вучидолов.

Резултати од финалните борби:

26 кг Бесар Амети (Тефејуз) – Сокољ Маути (Скопје) 5-0 – туш

35 кг Шаќир Бислими (Тефејуз) – Фарум Сулејман (Скопје) 5-0 –ТТ

42 кг Омер Фуга (Лирија) – Мартин Стојанов (Балканец ) 10-10/ 1-3

50 кг Амар Мурат (Тефејуз) – Џан Демиров (Балканец) 4-0 ТТ

54 кг Арминд Идризи (Тефејуз) – Џихад Исмаили (Лирија) 4-0 ТТ

58 кг Орхан Џафери – Минир Реџепи (2-цата од Лирија) 1-4 ТТ

76 кг Рамадан Мустафовски (Тефејуз) – Џан Назифов (Балканец) 5-0 – туш

85 кг Фиданчо Јованов (Бучим) – Андреј Христов (Неготино) 5-0 – туш

66 кг Хајдар Бајрами (Скопје) – Серхан Шаќиров (Балканец) 0-4 ТТ

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON