Стојанче Стоилов е прогласен за најдобар спортист на Македонија, а Јована Георгиева за најдобра спортистка за 2017 година вечерва на свечената церемонија во Драмнскиот театар во Скопје. Изборот „Спортисти на годината 2017“ го организира АМС.
Со една реченица ракометари и каратисти се спортисти на годината.
Каратистите го имаа најуспешните во младинска конкуренција: Петар Заборски и Симона Симовска, како и најдобрата унивезитетска екипа – женскиот тим во кумите – Наташа Стефановска, Симона Заборска, Моника Стефановска и Сара Радичевска.
Наградата за тренер на годината му припадна на Раул Гонзалез, Ракометната федерација на Македонија и оваа година е најдобра, специјална награда доби капитенот Кире Лазаров, конкуренцијата ја победија и машката ракометна репрезентација до 21 година и женската кадетска селекција.
Од друга страна, специјална награда доби и Дејан Геогргивески од таеквондо кој стана европски шампион во сениорска конкуренција и од бирократски причини не влезе во изборот за најдобар спортист.
„Чест и задоволство ми е што оваа награда ја добивам пред спортскиот крем на Македонија. Пред мене многу врвни спортисти ја имаат освоено, чест ми е што сега е моја. Ракометот е колективен спорт, па моја голема благодарност до колегите со кои ја израдувавме Македонија и го освоивме трофејот во Лигата на шампионите. Изминатата година беше најтрофејна моја година, се надевам дека следната ќе биде уште подобра почнувајќи од Европското првенство во Хрватска“, изјави најдобриот спортист на Македонија, Стојанче Стоилов.
За најдобра спортистка на Македонија беше прогласена Јована Георгиева за успешниот настап на Европското првенство во карате.
„Голема чест ми е што сум тука, особено кога најуспешната моја година ја завршувам со оваа плакета. Благодарам на сите кои веруваа во мене, на тренерот, пријателите, на тие што секогаш се крај мене. Пресреќна сум“, изјави Георгиева.
Најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година:
Најдобар спортист: Стојанче Стоилов (ракомет)
Најдобра спортистка: Јована Георгиева (карате)
Најдобар тренер: Раул Гонзалез (ракомет)
Најуспешна спортска федерација: Ракометната федерација на Македонија
Најуспешен машки национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – кадетки
Најсупешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојаноски (пливање)
Најдобра млада спортистка: Симона Симовска (карате)
Најдобар млад спортист: Петар Заборски (карате)
Специјални награди: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Георгиевски (таеквондо)
Најуспешен универзитетски спортски колектив: Женски тим на карате на Универзитетот Кирил и Методиј
Најуспешен училишен спортски колектив од средни училишта: СОУ Никола Карев – Струмица
Најуспешен училиштен спортски колектив од основни училишта: ОУ Страшо Пинџур – Кавадарци