Ракиќ по поразот им се обрати на навивачите: Одлуката на судиите можеше да оди на која било страна

Српскиот ММА борец со австриски пасош Александар Ракиќ загуби од Дагестанецот Магомед Анкалаев со едногласна одлука на судиите на настанот УФЦ 308 во Абу Даби.

За Ракиќ тоа беше трет пораз во низа и четврти во последните шест меча, додека Анкалаев шест години не знае пораз, има 11 победи, нерешено (Јан Блачович), а пред една година беше откажан мечот против Џони Вокер.

Анкалаев и Вокер повторно се сретнаа во октагонот во јануари, а дагестанскиот борец го победи со нокаут во втората рунда.

Мечот на двајца врвни полутешкаши Ракиќ и Анкалаев ги оправда очекувањата и двајцата се дотуркаа до границите, нудејќи им на навивачите голема борба.

„Горд сум на поддршката на мојата земја и на мојот драг народ! Синоќа имав фантастичен меч против борец од највисок ранг и среќен сум што сум постигнал“, напиша Александар Ракиќ на Инстаграм и додаде:

„Одлуката на судиите можеше да оди која било страна. Благодарение на семејството, пријателите и тимот! Ќе одморам неколку дена, а потоа ќе се вратам на работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО