Ракиќ: Му дадов збор на покојниот пријател дека ќе го победам Сантос

Александар Ракиќ во интервју ги сподели очекувањата за големата борба со Тијаго Сантос. Тие ќе се борат на УФЦ 259.

Победникот се очекува да добие шанса за појасот во полутешка категорија.

„Подготвен сум за војна, но и Тијаго Сантос е подготвен“, изјави Ракиќ за ММА Џанки.

„Сакам меч за титула, го заслужувам тој појас. Му ветив на пријателот што го изгубив пред неколку дена дека ќе победам против Тијаго. Му дадов збор на моето семејство. Јас сум крајно мотивиран“.

„Двата порази по ред не ми значат ништо. Тијаго е многу опасен. Тој би се справил многу добро со Џонс, беше повреден. Го сруши Гловер, но потоа видовме пресврт. Сега Тијаго ќе биде многу помотивиран по неуспехот.

„Не знам каква стратегија ќе употреби против мене, треба да бидам подготвен на сè. Тој е непредвидлив борец. Само знам дека мора да победам, а потоа да се борам за појасот“, додаде Ракиќ.

Најдобриот српски ММА борец се вклучи во акцијата за помош на настраданите од земјотресот во Хрватска. Ракиќ уплати пари за настаданите и ги повика сите да го сторат истото.

На својот Инстаграм ги покани следбениците да донираат пари за жртвите од земјотресот со порака: „И ти можеш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON