Рајан Бадер станува слободен агент по разделбата со ПФЛ

Поранешниот шампион во Белатор во тешка категорија, Рајан Бадер, официјално го напушти ПФЛ и покрај тоа што има уште една борба од договорот. Разделбата била взаемна, а според изворите на ММА фајтинг, двете страни се разделиле без конфликт.

Бадер имаше само една борба под знамето на ПФЛ – во февруари 2024 година, кога загуби од Ренан Фереира. Ова се покажа како негов единствен ангажман во организацијата.

По неговото заминување, 40-годишниот ветеран ќе се фокусира на актерската кариера. Тој ќе се појави во претстојниот филм The Smashing Machine, базиран на животот на легендата на УФЦ и Прајд, Марк Кер. Двејн Џонсон – Рок исто така ќе глуми во филмот, со Бадер во споредна улога.

Сè уште не е познато дали Бадер ќе ја продолжи натпреварувачката кариера во друга организација или целосно ќе се фокусира на филмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON