Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Рафаел дош Ањош неодамна во интервју за MMAFighting зборуваше за претстојниот меч со Мек Грегорr. Тој е многу уверен во успехот:
„Ова ќе биде убава битка. Не верувам дека овој меч ќе трае пет рунди. Се гледам себе си како неоспорен победник. Секој ден тренирам и сум надвор од зоната на удобност. Постојано правам и учам нови работи. Станувам се подобар. Тоа може да се види во секој мој меч. Секој пат се преиспитувам. Имав и лесни и тешки битки во октагонот. Бев во многу тешки ситуации, додека овој човек досега не почувствувал никаква тешкотија во натпреварите. Токму затоа имам намера јас да сум тој кој ќе му ја покаже лошата страна на овој спорт“.
„Алдо требаше да биде првиот борец кој ќе му ги замрси сметките, но, едноставно, немаше борба. Нема да речам дека победата ја извојува на среќа, но факт е дека таа се случи поради невнимание на Алдо. Можеби тој беше продуховен и се обиде брзо да го заврши, дефинитивно нема да допуштам таква грешка. Ќе бидам мирен и добро ќе му го клоцам газот. Сакам да го завршам. Всушност, сакам да го натерам тој сам да се предаде. Не само да го нокаутирам, туку да го натерам да ми се моли да запрам. Тоа е она што сакам.
Неколку дена по победата над Петисs, самиот Дош Ањош сподели статус на социјалните мрежи дека му шепнал на увото: „Шоуто заврши“. Тоа се случило во последните секунди на петата рунда.
Еве како одговори на прашањето: Дали одлучи што ќе му кажеш на „The Notorious“ помечот?
„Петис беше премногу самобенјдисан во оваа средба, но Мек Грегор… Ќе му кажам да се научи на поголема смирености почит и ќе го вратам назад во неговата категорија. Сепак е потешко кога си бориш со поголемите“.