Раде Стефановски е четвртиот судија со лиценца „рефери А“ од Македонија

Rade mu dava diploma na Znaor

Раде Стефавновски е комплтенен европски судија во карате, отккао положи за лиценцата рефери А за кумите во Кочаели, Турција, на Европксото првенство за региноите минатиот викенд, каде што беа пријавени вкупно 189 судии од 45 европски земји.

Rade i kompanija vo Turcija

Стефановски и се придружи на Боби Војдиновски, Нуредин Мисини и Игор Лазарев, кој од порано се европски судии со лиценца рефери А.

Покрај Сетфановски, во Турција земаа лиценци и Дејан Милошевски – Чобачо рефери Б, Дилавер Беќири и Лазо Јорданов за кумите џаџ Б.

„Ми се оствари сонот да бидам европски судија во врвот. Сега е на ред светската лиценца, најверојатно на Светското првенство во Линц, Австрија, во октомври“, вели Стефановски, кој веќе може да суди на сите европски натпревари, вклучувајќи и финални борби.

Makedonski sudii vo Kocaeli Turcija 2016

Судии од светски ков се Златко Димоски, Боби Војдиновски, Игор Лазарев и Ивана Аврамова, што доволно зборува за квалитетот на македонските судии, а со тоа и на македонското карате.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON