Радан Станковиќ победник во сениорска конкуренција на 7.Комплет винг чун комбат турнир, а Константин Арсов во јуниорска (ВИДЕО)

На први јуни се одржа 7.Комплет винг чун комбат турнир во организација на Винг чун клубот „Вечна пролет“, севкупен победник во сениорска конкуренција е Радан Станковиќ.

Победник во јуниорска конкуренција е Константин Арсов.

Најголема надеж и потенцијал е Михаил Видиновски.

Учесниците се натпреваруваа во три винг чун спаринг дисциплини: борба со змаев стап, борба со пеперутка мечеви и борба со голи раце од ч’и сао позиција.

Според правилата борбите/ изведбите се времетраење од 60 секунди, удар во тело со нога носи 1 поен, удар со рака во тело 2 поена и удар во глава 3 поени.

Покрај натпреварот, имаше и винг чун демонстрација и презентација за кои немаше оценување.

На овој турнир, покрај тоа што се претставија самите организатори Винг чун клубот „Вечна пролет“, имавше можност да се погледнат и Вингчунерс и Винг чун кунг фу клубот „Шаолин”.

Специјални гости на настанот беа Таи минг гонг МКД и Македонски рубин-Деан Шкартов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО