Путин штом слушнал за лошата вест, веднаш му телефонирал на Хабиб

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на неговиот пријател, кој почина како резултат на коронавирусот.

Абдулманап Нурмагомедов почина во Москва на 57-годишна возраст, поради компликации како резултат на инфекција „Ковид-19“.

Првиот човек на Руската Федерација не сакаше да седи мирно кога слушнал дека починал таткото на славниот борец Хабиб Нурмагомедов.

Според руската „Газета“, Владимир Путин, веднаш штом дознал дека Абдулманап Нурмагомедов, кој не само што бил родител, туку и тренер на шампион во УФЦ, починал од компликации предизвикани од споменатиот вирус, решил да го повика Хабиб.

РИА Новости пренесува, повикувајќи се на секретарот за печат на првиот човек на Русија, Дмитриј Песков, дека Путин искажал сочувство на славниот борец, додавајќи дека тоа го сторил затоа што го знаел Абдулманап од порано – се сретнале на аеродромот во Дагестан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО