Путин му даде пасош на Италијанец, селекторот на џудистите

Eci Gamba i Putin

Рускиот претседател Владимир Путин даде руско државјанство на селекторот на џудо репрезентацијата, Италијанецот Еци Гамба.

Путин и Гамба денес тренираа заедно во Сочи, а делови од тренингот ќе се прикажат на националната телевизија.

По тренингот, Путин рече дека на Гамба му доделува руско државјанство.

Путин го пофали италијански тренер кој го доведе рускиот џудо тим до „изненадувачки резултати и неверојатен успех“ на Олимписките игри.

На Олимписките игри во Лондон во 2012 година рускиот џудо тим освои три златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON