Пуликсенија Јовановска ја доби главната награда на „Златната Олимпија“ на МОК

Каратистката Пуликсенија Јовановска е добитничка на главнaта награда на манифестацијата „Златна Олимпија“ во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), која има за цел да ги прослави спортските успеси и достигнувања на жените и девојките во спортот и да ја афирмира заложбата и пораката за родова еднаквост во спортот.

Јовановска беше дел од Летните олимписки Игри во Токио каде го освои деветтото место во натпреварувањето во кати.

Младата пливачка Миа Блажевска Еминова беше прогласена за најнадежна млада спортистка. Таа постави личен рекорд во дисциплината 100 метри слободно на ЛОИ во Токио. Блажевска Еминова исто така има повеќе од 50 национални рекорди и е повеќекратна национална шампионка.

Наградата за најдобра во индивидуалните спортови ја доби светската првенка во бодибилдинг Мери Акиевска, додека пак ракометната репрезентативка Сара Риствоска е прогласена за најдобра во екипните спортови.

Атлетичарката Александра Војневска Зикова е прогласена за најдобар тренер.

Посебно признание за животно дело отиде во рацете на Наташа Мешковска, најуспешна тамакедонска пливачка на сите времиња.

Специјална Олимпијада Македонија, која беше дел од Светското првенство во Грац, Австрија, каде што го освои второ место во модерни латино-танци, ја понесе статуетката „Златна Олимпија“.


За најуспешна репрезентација прогласена е кадетска селекција во ракомет која го освои првото место ЕХФ шампионатот во Литванија за ракометарки до 17 години и обезбеди пласман на наредните Европски шампионати за кадетки (У17) и за младинки (У19).

Фото: МОК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON