Бугарскиот боксер Кубрат Пулев се огласи по коментарот на поранешниот светски шампион во тешка категорија Британецот Тајсон Фјури, дека Пулев свесно ја избегнувал борабта со него.
„На сите им е јасно дека Фјури го користи моето име за да си ја промовира својата борба и привлече внимание во јавноста кога се бори со некој анонимен противник. Пред неколку години Фјури беше тој што ја одби борбата со мене, но не затоа шро веќе имаше закажано друга борба, туку заради тоа што беше уплашен. Ќе дојде ред и на Фјури и кога ќе дојде до тој дуел, ќе изгледа немоќно против мене, исто како што беше со беговиот роднина, изјави 38 – годишниот Кубрат Пулев“, кој во октомври минатата година со едногласна одлука на судиите беше подобар од Хулио Фјури.