Бугарскиот тешкаш и следен предизвикувач на Ентони Џошуа за светските титули во три верзии, Кубрат Пулев, не стигнал да ја гледа победата на Тајсон Фјури над Дионтеј Вајлдер бидејќи, наводно, бил депортиран од САД во Бугарија. Поради проблеми со визата, Пулев бил депортиран на пат од Чикаго за Лас Вегас.
Пулев во САД се подговува за борбата со Џошуа која треба да се случи во јуни годинава во Британија, но и натаму проблем е точната локацијата. Бугаринот е задолжителен противник за Џошуа кој е носител на појасите во ВБА, ИБФ и во ВБО верзиите. Многу е веројатно победникот од тој меч потоа да се сретне со Тајсон Фјури.