Владимир Кличко е подобар од Ентони Џошуа и ќе го победи, изјави поранешниот предизвикувач на Кличко, Кубрат Пулев.
Украинецот и Британецот ќе се сретнат на 29 април во борбата за две светски титули во тешка категорија – Меѓународната боксерска федерација и Светската боксерска асоцијација. А победникот ќе мора да се сретне со Пулев.
Кобрата откри дека неговиот следен дуел најверојатно ќе биде во април повторно во Софија, но противникот ќе биде прецизиран дополнително. Во декември за прв пат се бореше пред домашната публика како професионалец и убедливо го победи Самуел Питер.
„Луѓето кои немале можност да гледаат бокс, сега можат да дојдат во салата за 10 или 20 лева – цената на една влезница за кино. Настојувавме билетите да бидат максимално евтини, за да можат да дојдат повеќе гледачи“, истакна Пулев, кој ја доби наградата за спортист №1 за месец декември.