Кубрат Пулев (26-1, 13 КО) повторно се избори за борба со Ентони Џошуа.
Во борбата за задолжителен предизвикувач на шампионот во тешка категорија на ИБФ, 37-годишниот Бугарин го порази Хју Фјури (21-2, 11 КО) пред своите навивачи во Софија.
Пулев славеше со едногласна одлука на судиите 117-111, 118-110, 115-113.
Бугаринот му направи исеченица над десното око во втората рунда. Пулев и минатата година требаше да се бори против Џошуа, но мораше да се откаже поради повреда и го замени Карлос Такам.
https://www.youtube.com/watch?v=iJiwN3NWQ5I
.