Првото засилување на Балканец е ѕвездата од Германија…

Балканец го доби првото засилување во преодниот рок за борачи од Германија.

Мултиталентираниот за боречки вештини Кристијан Воденски во иднина ќе настапува за клубот од Штип. Популарниот Кико кој е мала ѕвезда во Греманија сака да обезбеди место во репрезентацијата на Македонија и да настапи на Балканското првенство за деца и кадети.

Воденски има 11 години и настапува во категоријата до 34 килограми. Минатата недела на Регионално првенство во Германија во грчко-римски стил освои сребрен медал, а овој викенд ќе се бори во слободен стил.

Да потсетиме дека се натпреварува во ММА, бразилско џиу џицу, бокс, борење, граплинг… а славниот Федор Емилијаненко му предвиде славна кариера во ММА.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON