Прво соочување на Џошуа и Пулев (ВИДЕО)

Ентони Џошуа (19-0, 19 КО) на 28 октомври на стадионот Принисипалити во Кардиф ги брани титулите на светски шампион во тешка категорија.

27-годишниот ВБА, ИБФ и ИБО шампион се бори со девет години постариот Кубрат Пулев (25-1, 13 КО). Бугаринот е првиот предизвикувач на Меѓународната боксерска федерација.

На Џошуа ова ќе биде првата битка по легендарната победа против Владимир Кличко на Вембли во април, додека поранешниот двократен европски шампион во својата последна борба на бодови го победи поранешниот предизвикувач за светската титула Кевин Џонсон.

На Пулев ова му е втор напад на титулата светски шампион. 2014 загуби со нокаут во петата рунда од Владимир Кличко во мечот за ИБФ појасот.

Англичанецот и Бугаринот во Кардиф одработија и прес-конференција и соочување.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON