Репрезентацијата составена од беглаци, која ја гледаме од Рио 2016 година, влезе во историјата на Олимписките игри, отккао камерунската боксерка Синди Нгамба (25) се пласираше во полуфиналето во категоријата до 75 килограми и на тој начин обезбеди историски медал за репрезентацијата на бегалци.
Нгамба во четвртфиналето со едногласна одлука на судиите беше подобра на поени од локалната натпреварувачка, Французинката Давина Мишел. Со тоа таа има најмалку бронзен медал.
Инаку, Нгамба кога имала 11 години, нејзиното семејство се преселило од Камерун во Обединетото Кралство во потрага по подобар живот. Започнала да боксува сосема случајно, во еден клуб во Болтон. И до денес, иако поминаа 14 години, таа нема статус на граѓанин што би ѝ овозможил да ја претставува Велика Британија, па решила да настапи за репрезентацијата на бегалци.
Минатата година таа стана првата боксерка во Олимпискиот тим за бегалци која се квалификуваше за Париз.
Во Рио, кога првпат ги видовме спортистите собрани во тимот за бегалци, беа десет, во Токио имаше 29, а сега во Париз 37 натпреварувачи.