Какви се работи не виделе навивачите на ММА во кафезот – скршени коски, повраќање на борци, искинати уши и што ли уште не. ММА е опасен спорт, а ризиците за борците се секогаш големи.
Сега видовме и нокаут без физички контакт. Токму така, не прочитавте погрешно. Сето тоа се случи за време на настан на ХФЦ во Австралија.
Во средна категорија се сретнаа Џејмс Вејк и Мајкал Мек Даниел.
Мек Даниел имаше очигледна предност во стој, бидејќи тој избегнува борба на земја. Се соочува и се подготвува да ја продолжи борбата со Вејк во стоење, но одеднаш се случи нешто неочквано – едноставно, тој падна на грб и се струполи на подот. Во целост неочекувано!
Мечот е прекинат, а тоа небаре е првиот нокаут без физички контакт во ММА. Погледнете го видетото: