Првото коло на Првата и Младинска бокс лига на Македонија ќе се одржи на 16 март во Штип. Технички организатор на колото ќе биде БК „Фамилија Демирови.
Мерењето е закажано во салата на ОУ „Тошо Арсов” во населбата „8 Ноември“ со почеток од 10 до 11 часот, а борбите почнуваат во 13 часот.
По официјалното мерење претседателот на Националната бокс федерација Кристијан Андреевски ќе подели опрема на претседателите или претставниците на клубовите.
Да потсетиме дека минатата година прваци беа Пелистерски јунак во Првата и Фамилија Демирови во Младинската лига.
Натпреварите од Првата и Младинска лига ќе се спроведат согласно Пропозициите за одржување бокс лига за 2025 година и правилата за бокс на ИБА.
Екипното првенство ќе се реализира во следните возрасни категории:
-сениори родени 1985 – 2006 година
-младинци родени 2007 – 2008 година
-јуниори родени 2009 – 2010 година
-кадети родени 2011-2012 година.