„Жртва на дискриминаторските дејства со кои нееднакво се постапува, се женските борачки. Женските членови на боречките клубови се дискриминирани на повеќе начини, првично нивните активности не се во целост регулирани со подзаконски акти на ниво на Федерацијата, во одредени категории не се формирани женски репрезентации, по завршување на натпреварите, на машките учесници им се доделуваат медаљи и сертификати, додека пак на женските учеснички само сертфикати“, наведуваат тужителите.
Од таа причина двата боречки клуба, преку Македонското здружение на млади правници поднесоа претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, која постапи по истата и донесе општа препорака бр. 0801-152/3 од 21 јуни 2019 година, со која што се потврди постоењето на дискриминаторските дејства извршени од страна на Федерацијата.
„Согласно, законските одредби од областа на заштите од дискриминација, жените и мажите треба да имаат еднакво учество во сите области на јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварување на сите пpава и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултати од произлезени од тој развој. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретнито случај има основ за дискриминација во областа на родовите права“, тврдат тужителите.