Прва реакција на Дана Вајт: Хонорарите се блокирани, можни се суспензии и останување без визи на Хабиб и екипата (ВИДЕО)

Жестока санкција од Спортската комисија на Невада му се заканува на Хабиб Нурмагомедов по тоталниот хаос што настапи по завршувањето на дуелот со Конор Мек Грегор. Русинот победи со сабмишн, но го прескокна октагонот за да да се пресмета човек од екипата на Мек Грегор.

https://twitter.com/MMAjunkie/status/1048813235875459072?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1048813235875459072&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D749391

Од Вајт прво беше побарано објаснување за тоа што се случи, бидејќи сето тоа го следеше од првиот ред, односно се најде во средиштето на целиот хаос кој покрена потегот на Хабиб Нурмагомедов, неговото излегување од кафезот и судирот со Дилан Данис.

„Еден тимски колега на Конор за време на целата борба го навредуваше Хабиб, па затоа тој веднаш по борбата ја прескокна оградата и тргна кон со него. Тоа доведе до тепачка, по што колегите на Хабиб скокнаа во кафезот и се упатија кон Конор. Пријателот на Конор ја почна работата, но прескокнувањето оградата од Хабиб беше целосно бесмислено и лудо. Се бореше фантастично, победи во голема борба, требаше да го добие појасот и ќе добиеше  огромен респект од луѓето. Наместо тоа, се случи ова“, објасни Вајт, и понатаму е во неверување дека Хбаиб Нурмагомедов дозволил емоциите да го направат тоа го направија, односно да реагира на начинот на кој реагираше.

Како последица на тоа хонорарите за главната борба сè уште не се исплатени, како што обично се случува веднаш по завршувањето на битката.

„Спортската комисија моментално ги блокираше двата хонорари, а ние и ги предадовме снимиките што го поседуваме. Ова е голема работа, може да дојде до суспензија на Хабиб, на сите може да им се одземат визите, а ќе има и големи парични казни, заради што и се задржани хонорарите од страна на Комисијата“, рече тој и додаде уште нешто:

„Лошо е, наскоро следува од истрага од страна на комисијата. Сигурно ќе добијат големи парични казни и можам да ви кажам дека тие момци ми се во големи проблеми“.

Подоцна Вајт кратко како изјава за некои медиуми, кои го чекааа неговото доаѓање во микс зоната, каде што откри дека полицијата веќе се повлеклае некои потези.

„Три негови момчиња се уапсени и сега ги приведуваат и сигурно ќе завршат во затвор“, рече тој, но не откри за кого се работи. На интернет се појави видео од кој се чини дека во прашање е момче кое инаку работи како преведувач на дагестанските борци, кој целата оваа недела беше со Хабиб и неговите колеги. Сепак, засега нема докази дека тој бил вмешан во нередите во кафезот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=fZH-Vw8hmqo

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON