Проверете колку ќе заработи Рико Верховен од борбата на Глори 100

Рико Верховен со години е заштитно лице на Глори. Доминира во рингот, но е меѓу првите и по финансиски приходи во лигата. Колку всушност заработува по борба?

Според извори од светот на боречките спортови, тој добива сериозна сума на пари по настап. Неговата основна плата започнува од околу 150.000 евра. На големи настани како Глори 100 во јуни, оваа сума лесно може да се искачи на 250.000 евра или повеќе. Со различните бонуси, износот оди од 400.000 евра до 500.000 евра по борба.

На големи настани како Глори Колишн или борби против имиња како Бадр Хари, тоа ескалира уште повеќе. Во некои случаи, се шпекулира дека вкупниот приход по настан (вклучувајќи маркетинг, брендирање и медиумски зделки) надминува 1 милион евра. Ова го прави еден од најплатените борци во Европа.

Рико не е само борец. Тој е и претприемач, актер и инфлуенсер. Има зделки со неколку брендови и се појавува во филмови како Black Lotus и Den of Thieves 2. Тој е активен и во светот на фитнесот со свои спортски сали, програми и производи. Така, неговото богатство расте и надвор од рингот.

Спортска кариера вешто ја комбинира со медиумите и претприемништвото. Притоа, тој гради живот по боречките спортови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON