Страшна вест стигна од Калифорнија за љубителите на боречките вештини. Откажана е главната борба за светската титула во лесна категорија на УФЦ 311 каде за појасот требаше да се борат Ислам Махачев (26-1) и Арман Царукјан (22-3). Веста ја потврди Дана Вајт за време на мерењето пред борбата.
Излегува дека Ерменецот се здобил со повреда на подготовките за галата, што ќе го спречи да настапи на најдобар можен начин против шампионот.
Наместо тоа, на сцена стапува Ренато Моикано (20-5-1). Бразилецот беше официјална резерва и во последните недели паралелно тренираше токму за такво сценарио.
Ќе биде интересно да се види како Махачев ќе реагира на промената, бидејќи Царукјан и Моикано имаат радикално различни стилови.
Главната картичка на УФЦ 311 започнува на 19 јануари во 04:00 часот по македонско време.
🚨 BREAKING! Renato Moicano is stepping up and will be fighting Islam Makhachev for the lightweight title on short notice!
(via. @danawhite) #UFC311 #UFC #MMA
— Championship Rounds (@ChampRDS) January 17, 2025