Светската филмска платформа „Амазон прајм“ претстави филм за легендата на кикбоксот – Рико Верховен. На 28 февруари беше премиерата на филмот, насловен „Рико: Смело сонувај“.
Документарецот го следи животот на светскиот шампион во кик бокс Рико Верховен додека тој со нетрпение го очекува следното поглавје во неговата кариера. Гледачите ќе можат да го видат од 4 март на платформата „Амазон прајм“.
Потсетуваме дека Рико Верховен освои три годишни рангирања – „Најдобар кикбоксер на годината“, „Најдобра борба за 2021 година“ (трилогија со Џамал Бен Садик) и „Најдобри моменти моменти од 2021“ во Глори.
Во 2021 година 195-сантиметарскиот Холанѓанец победи на турнир во тешка категорија, победувајќи ги Хесди Гергес и Тарик Хбабез.
Во октомври Верховен требаше да се бори со Алистер Оверем, кој се врати на кик боксот, но мечот пропадна.
На местото на Оверем дојде Џамал Бен Садик. Ова беше трет меѓусебена борба.
„Кралот на кикбоксот“ го победи противникот од 205 сантиметри со технички нокаут во четвртата рунда на Глори 79: Колишн 3. За Верховен ова беше десетта последователна одбрана на титулата во тешка категорија.
Со победата во главниот меч на фајт шоуто во Амстердам (Холандија), шампионот ја доби трилогијата со Бен Садик. Досега имаа по една победа.