Промоторот на Усик: Не е ни важно што мисли Фјури за датумот на реваншот

Британецот Тајсон Фјури договори реванш меч за крајот на годината против апсолутниот шампион  Украинецот Aлександaр Усик.

Кралот на Ромте загуби со поделена одлука на судиите од украински боксер во многу неизвесна борба на настан во Ријад.

Непоразениот Усик ги обедини титулите во тешка категорија и така по 25 години стана првиот боксер кој стана неприкосновен шампион во кралската дивизија.

Реваншот е договорен за 21 декември, а тоа го потврди и промоторот на Усик, Александар Красјук.

„Тоа е датумот што го посакувавме, а потоа го потврдивме со неговата екселенција. Реваншот е закажан за 21 декември, но со Фјури никогаш не се знае. Всушност, не ни е важно што мисли за тој датум. Кога разговаравме за реваншот, се договоривме да се одржи до крајот на годината“, изјави Александар Красјук.

Дали Усик размислуваше за пензионирање?

„Никогаш не разговаравме за тоа. Можеби имаше гласини, можеби некој друг дал свое мислење, но никогаш не разговаравме за тоа. Борецот треба сам да одлучи за тоа. Кога ќе почувствува дека веќе нема што да докажува и не сака да се разбуди во 5 часот наутро за да одработи три тренинзи тој ден, веројатно ќе ги закачи ракавиците“, изјави Красјук.

Промоторот истакнува дека не е точно оти шампионот ја повредил јаболчната коска на мечот против Фјури.

„Не, тоа не е точно, објаснив на прес-конференцијата по борбата. Имаше стара повреда, повторно му беше оштетен имплантот на горната вилица. Го послуша советот на лекарот и сега заздарвува“, нагласи промоторот на Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON