Промоторот на Александар Поветкин – Андреј Рјабински, изненадувачки објави дека шампионот на Светскиот боксерски совет, Дионтеј Вајлдер (САД), има намера да да се откаже од појасот.
Рускиот милионер и неговиот боксер во живо ја гледаа галавечерта на 16 јануари, во која Американецот ја одбрани титулата против Артур Шпилка. На истото шоу Чарлс Мартин ја освои титулата на Меѓународната боксерска федерација по успехот над Вјачеслав Гласков.
„Најверојатно Вајлдер ќе се откаже од титулата, а неговите луѓе набрзина ќе организираат средба со Мартин“, рече Рябински и доддае:„Во оваа ситуација Поветкин ќе боксира за испразнетиот појас“.
Интересно во случајот е што Вајлдер и Мартин имаат ист советник – митскиот Ал Хејмен.