Промоторот на Фјури: Тајсон е голем фаворит против Усик, но тогаш изгледаше ужасно

Тајсон Фјури во последните шест месеци двапати ја откажа борбата за обединување на светскитe титули во тешка категорија.

За прв пат тоа го направи по мечот против Френсис Нгану на крајот на октомври, а потоа борбата беше закажана за крајот на годината, а во февруари, само две недели пред настанот.

Кралот на Ромите се здоби со расекотина над десното око при спаринг со Хреватот Агрон Смакиќи.

Борбата веднаш беше договорена за 18 мај, но многумина се загрижени дали повредата на Тајсон ќе се санира до борбата во Ријад.

Промоторот на Фјури, Боб Арум, во едно неодамнешно интервју изјави дека шампионот на ВБЦ и понатаму е фаворит во мечот против Усик без оглед на бледата епизода против Нгану.

„Фјури е голем фаворит и тоа го кажувам откако беше договорен неговиот меч против Усик. Неговата физичка големина и боксерските вештини ќе бидат премногу за Усик“, истакнува Боб Арум и ја допре борбата на Тајсон со Нгану:

„Единствено што ми пречи е како изгледаше на тој последен натпревар. Тогаш бев во Ријад, а тој беше ужасен. Или навистина не се подготви добро или само остаре. Кога старееме, повеќе не функционираме како кога бевме помлади. Не знам дали тоа се случува сега со Тајсон. Одговорот ќе го добиеме на 18 мај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON