Промо пред УФЦ 314: Волкановски – Лопез (ВИДЕО)

Го објавија првото промо-видео пред настанот УФЦ 314: Волкановски-Лопез кој ќе се одржи на 12-ти април во Мајами, Флорида.

Во главната борба Александар Волкановски ќе се бори со Диего Лопез. Тие ќе се борат за испразнетата титула во перо категорија. Борбата се договори откако Илија Топурија ја ослободи титулата за да се искачи во лесна категорија. Волкановски сега има 36 години и оваа борба најверојатно ќе му биде последна шанса да го врати појасот. Диего зеде замав и нема лесно да се предаде.

Во конасловната борба, британската ѕвезда Педи Пимблет ќе се бори со Мајкл Чендлер во борба од 5 рунди. Овае првото видео за промоција на галата:

Александар Волкановски – Диего Лопез

Мајкл Чендлер – Педи Пимблет

Брајс Мичел – Жан Силва

Јаир Родригез – Патрицио Питбул

Џеф Нил – Карлос Пратес

Дан Иге – Шон Вудсон

Никита Крилов – Доминик Рејес

Јан Џијаонан – Вирна Џандироба

Дарен Елкинс – Џулијан Ероза

Џим Милер – Чејс Хупер

Алберто Монтес – Роберто Ромеро

Седрик Думас – Михал Олексејчук

Су Мудаерџи – Мич Рапосо

Тресеан Гор – Марко Тулио

Нора Корнол – Хејли Кауан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО