Јиржи Прохаска направи феноменален скок на ранг-листата во полутешка категорија на УФЦ. Причината за ова е нокаутот што Чехот го забележа против Доминик Рејес во главната пресметка на УФЦ Вегас 25.
Од денес, Прохаска е втор на ранг-листата, што претставува скок од три позиции во споредба со претходното рангирање. Интересно, 28-годишниот борец стигна до оваа позиција по само две средби во најпознатиот ММА синџир во светот.
Доминик Рејес, пак, падна за две места и сега е број 5.
Пад заабележа и Александар Ракиќ кој од денес е на 3-та позиција, веднаш по Прохаска.
Нема други промени во рангирањето во полутешка категорија.
Прв, по шампионот Јан Блахович, е Гловер Тешеира. По него следат Прохаска, Ракиќ, Тијаго Сантос и Рејес.
На дното се Џими Крут (13), Пол Крег (14) и Џамахал Хил (15).