Трагичната смрт на рускиот боксер Максим Дадашев го потресе светот, а неговиот ривал во несреќната борба, Субриел Матијас, за прв пат прзбореза тоа што се случи.
Тешките удари на Порториканецот во главата на Дадашев го испратија во болница каде што починал три дена подоцна.
„Никој не е подготвен да умре додека ги следи своите соништа и цели. Ние само се во рингот за доброто на нашите семејства, без да знаеме колку е тешко и комплицирано ова. Тој лета високо, голем воин. Само Бог ги знае сите причини. Секогаш ќе ја имаш моја почит. Почивај во мир, Максим Дадашев“, изјави Матијас за Ен-Би-Си њуз.
Порториканцот е суспендиран 30 дена поради медицински причини, а за тоа се посочени „удари во главата“”. Неговиот портпарол рече дека првите зборови на Матијас биле: „Не го сакам тој чек“.
Поради смртта на Дадашев, Државната атлетска комисија на Мериленд започна истрага за борбата и околностите што доведоа до трагедија, објави Вашингтон пост.
„Тој беше многу мил човек кој се бореше до самиот крај“, рече сопругата на Дашедев, Елисавета Атушкина.