Примсилав Димовски за Конгресот на ИБА: Ќе се промовира професионалниот бокс и ќе биде пристутен на ОИ во Париз

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примсилав Димовски, на 10 декември учествуваше во работата на Конгресот на ИБА во Абу Даби, ОАМ.

„На Конгресот имаше одлуки за неколку измени во Статутот, но повеќе беа од технички карактер. Инаку беа најавени измени, за многу кратко време ќе се промовира поактивно професионалниот бокс под капа на ИБА и тоа ќе биде посуштинска промена Светската боксерска организација. Секако, на Конгресот имаше дискусија за односите на ИБА со Меѓународниот олимписки комитет и статусот на боксот како олимписки спорт. Ова прасање е актуелно последниве години и се вложуваат напори да се надминат проблемите, а едно е сигурно дека боксот ќе биде на олимписката програма во Париз 2024“, рече Примислав Димовски за Ипон.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON