Примислав Димовски – претседател на БФМ: Тренерите се главната работа во создавањето на врвни спортисти!

Неодамна Примислав Димовски беше избран за претседател на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), кој во суштина го продолжува мандатот на преходникот Игор Златков кој си поднесе оставка.

Примислав Димовски остави голем печат во македонскиот бокс, беше петти на СП и има бринзен медал од ЕП за кадети. Димовски и неколку пати го освојувал и „Златниот гонг, а во 2015 година не учествуваше на Европското првенство во Бугарија, кога беше вбројуван како еден од боксерите кои може да освои медал, поради лошата ситуација во БФМ и комуникацијата.

Сега Димовски доаѓа на чело БФМ кога се расчитени системски работи и има можност за непречена работа, но со мал фонд на боксери и тренерски кадар. Предизвикот е како да се надмине сегашната состојба од бокс за домашна употреба во бокс кој ќе биде релевантен на меѓународната сцена и ќе ја радува спортската јавност во Македонија.

Како човек кој доаѓа од боксот, кој е лекот на македонскиот бокс за излез од резултатската криза и доаѓање во позиција наши боксери пак да се борат за медали?

-Мислам дека забораваме кој е главниот мотор или стожер на еден спорт за создавање на врвни спортисти. Ако некој каже немаме доволно добри спортисти и вистински таленти и затоа немаме резултати, тоа мислење е погрешно, бидејќи главната работа за стварање на врвни спортски имиња е тренерскиот кадар.

Каква е состојбата со тренерскиот кадар?

-Првиот заклучок е дека треба да направиме попис на тренерскиот кадар, за да се види каква е состојбата со стручни лица, какви се нивните квалитети, како се работи во клубовите и во какви услови тренираат. Така, ќе направиме пресек за состојбата на  тренерскиот кадар во нашата земја од кој ќе произлезат заклучоци неопходни за преземање на конкретни чекори, односно да направиме стратегија во таа насока. Еве, гласно прашувам, водени од гласините дека нема пари и затоа немаме успех: Ако во овој момент му дадеме на некој боксер еден милион долари, ќе освои ли медал?! Одговорот е дека во овој момент немаме таков боксер. Во погрешна насока е тезата дека треба да ги плаќаме боксерите. Да, треба да се платат, но треба да платиме и тренери кои ќе ги подготвуваат боксерите.

Дали можеби размислувате за ангажман на тренер од странство како по примерот на некои соседни земји кои нешто значат во светот на боксот?

-Да, се размислува и во таа наоска. Поради обврските што се преземани со програмата за работа ќе морда да ја истераме 2018 година до крај, а во 2019-тата може да се направат конкретни чекори и планови.

Кои се другите чекори во насока на подбрување на состојбата со тренерскиот кадар?

-Паметиме времиња кога имаше 5-7 тренери кои беа платени, тоа и беше единстената работа. Тогаш имаве и успеси и генерација од неколку боксери кои рамноправно конкурираа за медали на европската сцена. Денеска немаме такво нешто. Тоа значи дека доцниме 20 години и дека прво треба да стигнеме до таа состојба, па потоа да зборуваме како до успеси. Затоа, нашата примарна цел е да имаме платени тренери кои по цел ден ќе се занимваат со бокс и ќе и бидат ставени на располагање на боксерите.

 

 

Составен дел на боксот покрај тренерите се и делгатите, судиите и боксерските работници. Каква е тука состојбата и што ќе се презема во оваа насока?

-Да не ми забележи некој, прво одиме да направиме боксери. Ни треба кадар. Кога ќе имаме успеси, сами ќе си дојдат потребите и за другиот кадар. Не велам дека ситуацијата е добра кај судиите, туку и таму треба да се подобри работата.

Требаше да се подели опрема на клубовите, нешто и се направи во таа носка, но изостана делењето на базичната. Што ќе правите за да се реализира ова ветување дадено спрема клубовите?

-Во програмата е предвидено купување на опрема, работа што ќе се реализира до крај. Имаме проблем како да се подели истата. Затоа ќе се направи анализа кои клубови работат, колку боксери имаат, бидејќи некои од нив навистина работат и имаат по 20-тина боксери, а други по 1-2. Тие што ќе има потреба и ќе имаат активности ќе добијат опрема. Нека бидат сигурни. Воопшто, не се во прашање ракавиците, вреќите итн. Боксот има проблем со салите, односно тие се закупуваат и не се наменски за боксерскиот спорт, што значи се импровизира. Тоа е поголем проблем од опремата.

Има размислување за правење на боксерски цент(а)ри. Каков е вашиот став за овој предлог?

-Тоа е стратешки приоритет на Боксерската федерација на Македонија кој не може сами да го релаизираме, затоа ќе ни треба помош и од државата. Можеби тоа треба да биде салата во Спортскиот ценстар „Борис Трајковски“, иако има мали грешки во нејзината изведба како бокс-сала. Погрешен е нејзиниот начин на употреба – комерцијален. Нам ни треба сала во сопственост на БФМ, каде што ќе има приоритет репрезентацијата.

Сега, со каков репрезентативен кадар располагаме?

-Засега сме далеку зад сите репрезентации во регионот. Затоа ќе се концнетрираме на младинските категории за подобрување на состојбата. Кога ќе се стекнат со потребните вештини и ќе почнат да ги даваат посакуваните резултати, тогаш ќе поченеме со друг процес за создавање на квалитетни боксери со меѓународен маштаб и ќе има поинкава планска псотавеност. Во оваа насока добро ќе биде ако профункционира регионалната бокс лига, така што нашите боксери ќе имаат повеќе борби и посилна конкуренција.

БФМ имаше проблеми со Агенцијата за млади и спорт (АМС) во врска со користењето на 350 илјади евра кои и беа доделени на Федерацијата, а АМС бараше да и бидат вратени парите. Што направивте со АМС во врска со овој проблем?

-Имавме состанок со директорот на АМС, Дарко Каевски, и најдовме заеднички јазик за настанатиот проблем, за оние средства кои се дадени на Федерацијата, а кои според АМС треба годишно да се реализираат и треба да се вратат. Го решивме случајот и не сме оштетени, бидејќи оваа и идната година ќе добиеме повеќе отколку што вративме.

Од друга страна, за оние средства кои требало да бидат доделени со одлука на Владата, тие и воопшто не стигнале до БФМ. Така што не може да зборуваме дека се одземени, ниту, пак, стигнала одлука до Федерацијата. Сепак, тоа е работа на Владата, не е ниту на АМС, ниту на БФМ. Да заклучиме, не разговараме за средства кои ги има Агенцијата и ни ги дала на нас. Сепак, тоа е одлука на Владата и токму таму треба да се поставуваат прашањата. Како претседател, велам дека не може да реагираме за нешто за што немаме добиена одлука на која ќе може да се повикаме.

 

Две години се заговараат базични подготовки, но тоа не се реализира. Дали ќе има подготовки или да се организира камп за боксерите кои конкурираат за репрезентативниот дрес?

-Мора да има. За брзо време ќе утврдиме каде ќе се оди на подготовки и со кои боксери. Ќе нагласам дека во исто време подготовките/кампот ќе биде и за тренерите, затоа што и на нив и треба обука и учење.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON