На Националниот карате шампионат на Австралија во Лаункестон во австралиската област Тасманија, прилепската тројка – сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Кириана Камческа доминираа.
Мишела го освои златниот медал во сениори, а Маријана бронзата, додека Кириана е златена во конкуренција до 21 година, сите заедно се сениорски прваци на Австралија во кати екипно.
На шампионатот учествуваат речиси 700 каратисти од секоја сојузна држава во Австралија.
„Ова не е нивниот лимит, иако финалето поради лоша судиска одлука и беше одземено на Маријана, но нема да застанат тука. Нивните конкуренти се во светското карате“, напиша Ели Димоска, која заедно со нејзиниот сопруг Златко Димоски се тренери на девојките.
Ipon.mk