На традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил „Белградски победник“ викендов борачите на „7 Мај Леов“ од Прилеп постигнаа забележителни резултати.
Во конкуренција на деца: 32 кг Петар Насески 1 место, 36 кг Матеј Вандевски (само 8 год.) 2 место и 69 кг Михаил Марковски 2 место.
Кадетска конкуренција: 54 кг Теодор Темелковски 1 место, 58 кг Маријан Мимичкоски 3 место и 63 кг Христијан Пенков 1 место.
Женско борење – 50 кг Катерина Мирческа 1место во кадетска конкуренција.
„Посебно радува настапот на младите надежи Вандоски, Насески и Марковски кои во конкуренција на деца постигнаа добри резултати“, вели тренерот Сашо Игнатовски.
На турнирот учествуваа екипи од Грција, Бугарија, БиХ, Р.Српска, Хрватска, Словачка, Македонија и Србија.
Ipon.mk/В.Д.