Вчера во Прилеп се одржа 12-тиот Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој -2022 – Цевитана куп” во организација на ЏК Сеишин, на кој севкупен победник според борјот на освоени медали е ЏК Сакура од Катерини, Грција.
Најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се:
Помлади пионери-ки: ЏК Преспа – Ресен
Помлади пионери: ЏК Бор – Србија
Пионери: ЏК Црногорац – Цетиње, ЦрнаГора
Пионерки: ЏК Сакура – Катерини, Грција
Кадети: ЏК Велико Градиште – Србија
Кадетки:ЏК Сакура – Катерини Грција
На турнирот учестваа вкупно 385 натпреварувачи од 43 клубови од 7 држави: Македонија (14 клубови), Грција (11 клубови), Црна Гора (6 клубови), Србија (4 клубови), Бугарија (4 клубови), Албанија (2 клубови) и Косово ( 2 клубови).
Спортската сала беше поставена според сите протоколи за натпревари од овој вид, а беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта.
На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишната пауза поради ковид пандемијата, овој турнир се врати на голема врата и ќе биде запаметен како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.
Клубот ја задржа традицијата за покана и присуство на специјални гости од џудо фелата а оваа година беа присутни: Зоран Миловиќ, џудо мајстор 8- ми дан од Црна Гора; Бојан Миличевиќ, директор на маркетинг комисијата при Балканската џудо асоцијација; Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија, како и други гости членови на комисиите, телата и органите при Џудо федерација на Македонија.
Турнирот официјално го отвори Борче Јовчевски, градоначалник на Општина Прилеп.