Приказна за „проколнатата борба“

До кога веќе? Од повреди, проблеми со симнувањето на килограми, телевизиските кабли, па се до пандемија на коронавирус … Пресмтеката меѓу можеби најдобрите борци во историјата на лесна категорија одложена е веќе петти пат.

„Проколната борба“ – колку пати ги слушнавме овие два збора во спомен на Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон …

„Падна потпис! „Орелот“ на 18 парил ќе слета во Бруклин. Ова е за вас фанови“, зборуваше во славеничко расположение минатиот ноември менаџерот шампионот на УФЦ, Али Абделазиз, при што го покажа потпишаниот договор со датумот и името на противникот – Тони Фергусон.

Но, дури и тогаш, ни се чинеше дека еуфоријата не е толку силна како некои претходни најави за истиот дуел. Се чинеше дека навивачите се навикнаа на разочарувањата, па добар дел од нив решија да чекаат до последен момент за отворање шампањското.

https://youtu.be/g38-pkMsfxk

Нивните стравови се покажаа оправдани …

На 1 април, денот резервиран за шеги, Хабиб објави дека остонува во неговиот Дагестан и дека со повторно пропаѓа една од најочекуваните пресметки во историјата на УФЦ. Иако сите знаеме дека со објавата спомнатиот датум треба да бидеме внимателни, овде скоро никој не помисли дека станува збор за некаква солена шега. Покрај тоа, по 2018 година, ова е втор пат некаква конечна потврда за одложување на „проколнатиот“ меч да добиеме на 1 април …

Па, да се потсетиме на сите одложувања на Хабиб-Фергусон:

БОРБА БРОЈ 1, ДЕКЕМВРИ 2015

Првото соочување на Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов беше предвидено декември 2015 година. Тогаш Фергусон беше треторангиран во лесна категорија, а Хабиб осми. Никој не ни претпоставуваше дека со ова ќе почне една династија на ривалство кое никогаш нема да може да стигне во октагонот. Хабиб прв „киксна“, скрши ребро на еден тренинг и ја откажа борбата, која требаше да реши кој од нив двајца ќе оди на тогашниот шампион Рафаел Дош Анхош. Едсон Барбоза дојде како замена за Нурмагомедов, а Фергусон го победи со зафат.

БОРБА БРОЈ 2, АПРИЛ 2016

Кратко по првата пропуштена шанса, УФЦ закажа нов термин – 16 април 2016 година. На Нурмагомедов доволни му беа четири месеци да се рехабилитира од повредата и да се врати во форма, но овој пат Фергусон откажа. Имал згрутчувања во белите дробови, лекарите му препорачиле да не се шегува со проблем како тој, ако сака да има иднина.

Хабиб мораше да се задоволи со борбата против Дарел Хоршер, кого го заврши со „дожд од тупаници“ во втората рунда.

БОРБА БРОЈ 3, МАРТ 2017

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт реши да се повика на поговорката „трета среќа“, па закажа нова борба меѓу Хабиб и Тони, сега во март 2017 година. Тоа беше борба за привремен шампион во лесна категорија, бидејќи актуелниот шампион, Конор Мекгрегор, реши да се подготвува за бокс-меч со Флојд Мејведер. Повторно Нурмагомедов откажа, овој пат затоа што многу тешко го поднесе кратењето килограми. Во текот на тој исцрпувачки процес му се слошило, па заврши во болница избегнувајќи сериозни, можеби и фатални последици. Фергусон и тогаш, како и сега, јавно го прозва Хабиб дека бега, дека лаже за лошото здравје бидејќи го видел како јаде тирамису неколку дена пред борбата.

Борба – немаше. Подоцна во годината, во октомври Фергусон, сепак, се бореше за привремениот појас со Кевин Ли и победи со гушење со нозе. Стана привремен шампион.

БОРБА БРОЈ 4, АПРИЛ 2018

Пред точно две години борбата беше неверојатно блиску да се реализира, но се откажа поради бизарна причина. На недела дена пред борбата, на едно снимање, Фергусон се сопнал од каблите на камерата и ги скина лигаментите на коленото. Хабиб остана во мечот, а откако и првата замена, Макс Холовеј, се откажа, Дагестанецот се соочи со Ал Јакинта и го победи за да го преземе шампионскиот појас.

БОРБА БРОЈ 5, АПРИЛ 2020

Борбата која треба(ше) да се случи на 18 април е петта меѓу  овие двајца. Дејна Вајт инсистираше и потенцираше дека овој пат борба ќе има по цена на сè. Светот се парализира од коронавирусот, УФЦ упорно организира борби и без публика, ветувајќи спектакл на 18 април, сè додека вчера Хабиб Нурмагомедов не се обрати на јавноста преку Инстаграм велејќи дека останува во Русија.

Светот петти пат остана пократок за боречки спектакл, иако се зборува за можни атрактивни замени за Хабиб како Хорхе Масвидал, Џастин Гејчи, дури и Конор Мекгрегор. Сепак, прашање е дали Фергусон ќе прифати борба во која појасот не е во игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON