Причард Колон се бори за животот по поразот од Терел Вилијамс!

prichard colon

Причард Колон (16-1, 13 КО) во мечот со Терел Вилијамс (15-0, 12 КО) во Ферфекс, Вирџинија, влезе како една од најголемите надежи во велтер категорија.

По завршувањето на натпреварот, 23-годишниот Порториканец се бори за живот. Младиот боксер по борбата беше однесен во болница, откако му се слошило и повраќал. Поради крварење во мозокот беше подложен на операција, објави Вашингтон пост.

Неколку извешта укажуваат на тоа дека е во кома по операцијата, но не беше откриен дали се работи за лекарска грешка.

Колон се бореше на undercard настан каде Ламонт Петерсон го победи со мнозинска одлука Феликс Дијаз.

Претходно, непоразениот Порториканец е дисквалификуван пред последната 10 рунда, бидејќи во неговиот агол по завршувањето на 9-тата рунда му ги соблекоа ракавиците, веројатно, несвесен за фактот дека борбата не е завршена. Откако сфатија дека останала уште една рунда се обидоа да му ги навлечат ракавиците, но помина премногу време и судијата го дисквалификува.

Колон е губеше и на поени, притоа му беа одземени два бода за ниски удари.

Во прилично валкан меч Вилијамс двапати го рушеше Колон во деветата рунда, а во текот на борбата Колон се жалеше на судијата за удари во тилот. Заради за удирање во тилот на Вилијамс во 7 рунда му е одземен бод.

На крајот, одлуката на тимот да му ги соблече ракавиците ја намали дополнителната штета што ќе ја претпеше разнишаниот Колон во последната рунда и можеби му го спасила животот.

Претставникот на боксерот, Алан Обрадор, стави изјава на официјалната Фејсбук страница на Колон: „Знам дека си сите заинтересирани за здравјето на Причард. Само што разговарав со мајката на Причард, која вели дека се опоравува по крварењето на левата страна на мозокот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON