Претставници на европскиот бокс во посета на Боксерската федерцаија на Македонија

Претставници на европскиот бокс на високо ниво ја посетија Боксерската федерцаија на Македонија.

Во објавата на наштата боксесрка федерација се вели:

„За прв пат, високи претставници на европскиот бокс ја посетија Македонија. Претседателот на Федерацијата за бокс на Европа, д-р Јоанис Филипатос, надзорникот на Европа Сима Виорел Родбун и Габриеле Мартели, инструктор на ИБА, организираа официјален состанок со претседателот на Националната боксерска федерација, Фатон Салиху. На состанокот разговараа за состојбата и предизвиците што ги носи боксот во Македонија. Претставниците на ЕУБЦ се обврзаа да обезбедат постојана поддршка за Националната боксерска федерација, вклучувајќи го организирањето на Балканскиот шампионат во Северна Македонија и едно европско првенство, како и обука и лиценцирање на тренери и судии.

Оваа посета на високите претставници на европскиот бокс во Македонија претставува значаен чекор кон развојот и промоцијата на боксот во нашата земја. Споделувањето на знаењата и искуствата со лидерите на европскиот бокс покажува заеднички ангажман за омасовување на боксот во Македонија. Од нивната поддршка сите ние имаме можност да изградиме светла и успешна иднина за нашиот бокс и да ја потпомогнеме новата генерација на таленти во овој спорт. Овој партнерски однос ги креира потребните услови за развој и успех на нашите спортисти на меѓународната сцена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON