Претставници на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) на венецуелскиот претседател Николас Мадуро му врачија почесен светски шампионски појас за промоција на овој спорт и спортистите, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Признанието на Мадуро во Каракас му ја врачија претставници на ИБА, предводени од претседателот на организацијата Умар Кремлев и претседателот на Европската боксерска конфедерација, потпретседателот на ИБА, Лоанис Филипатос.
„Претседателот на Венецуела Николас Мадуро покажа добра физичка форма и енергија за победа во сите области. Ние сме исто така полни со енергија за победа.
Детално разговаравме за фазите на развој на боксот во Венецуела, организацијата на меѓународни натпревари и „Ноќта на шампионите“.
Разговаравме за создавање на боксерски центар на крајбрежјето и спортски бази за обука на спортисти во планините на 2000 метри надморска височина.
Му се заблагодарив и за поддршката на боксот. Генерално, добивме целосна братска поддршка од претседателот во сите проекти“, изјави Кремлев на социјалните мрежи.